Безбедност на плаќање со кредитни картички
Тајноста на Вашите податоци е заштитена и обезбедена со користење на најновата верзија на TLS енкрипција. Страниците за онлајн плаќање се обезбедени со употреба на Secure Socket Layer (SSL) протокол со 128-битна енкрипција на податоци.
SSL енкрипцијата претставува процес на шифрирање на податоците за да се спречи неовластен пристап за време на нивниот пренос.
Со ова се овозможува безбеден пренос на информации и се спречува недозволен пристап до податоците за време на комуникацијата помеѓу компјутерот на корисникот и Monri WebPay платежната платформа, и обратно.
Monri WebPay и финансиските институции разменуваат податоци преку виртуелна приватна мрежа (VPN), која е заштитена од неовластен пристап.
Monri Payments е сертифициран според највисокиот безбедносен стандард PCI DSS Level 1, според правилата на Visa и Mastercard.
Трговецот не чува броеви на кредитни картички и тие не се достапни за неовластени лица.
Изјава за приватност
Изјава за заштита и прибирање на лични податоци:
Се обврзуваме дека ќе обезбедиме заштита на личните податоци на купувачите така што ќе
ги прибираме само оние податоци кои се нужни и основни за исполнување
на нашите обврски.
Купувачите се информираат за начинот на користење на собраните податоци, и редовно им се дава можност за избор околу употребата на нивните податоци — вклучително и можноста да одлучат дали сакаат нивното име да биде отстрането од листите за маркетинг кампањи.
Сите кориснички податоци се строго чувани и се достапни само на вработените на кои тие им се неопходни за извршување на нивната работа.
Сите наши вработени и деловни партнери се одговорни за почитување на начелата за заштита на приватноста.
Услови за купување
1. Нарачување
Купувачот се претплаќа на курсевите преку електронскиот образец за нарачка на платформата. За купувач се смета секоја личност која успешно го пополнила образецот и ја потврдилa нарачката. Нарачката се смета за валидна по потврда на плаќањето.
2. Плаќање
Нарачаните курсеви и услуги се плаќаат онлајн преку кредитни картички: Mastercard, Maestro или Visa. Плаќањето се извршува веднаш по изборот на методот на плаќање и потврдата од страна на купувачот.
3. Достава
Нудиме услуга до која корисниците можат да пристапат преку ai.brainster.co во било кое време, со активна претплата, без физичка испорака.
4. Приговори и рекламации
По извршеното плаќање, купувачот има право на поврат на средствата во рок од 30 дена. Повратот ќе биде извршен на истата платежна метода со која е извршена трансакцијата. По истекот на рокот од 30 дена, барањата за поврат нема да бидат разгледувани.
Изјава за конверзија на валута
Сите плаќања ќе се извршуваат во македонски денари (МКД). Износот што ќе Ви биде наплатен на кредитната картичка ќе биде конвертиран во Вашата локална валута според курсот на асоцијациите за кредитни картички.